«

»

Jul 12

Започна културното лето Новаци 2014

5

Со изложба на икони од копаничарот Веселин Поповски, во црквата „Св. Атанасиј” во Општина Новаци беше отворено второто издание на културното лето во оваа општина.

„Ова е моја прва изложба и учествувам со 24 дела.Истите се претежно со тематика од црковниот живот односно од самата традиција која кај нас се застапува во повеќе наврати така што во тој црковен живот секој нешто пронаоѓа па сметам дека секој ќе биди задоволен од она што ќе го види.“ вели Веселин Поповски,автор.

Програмата на манифестацијата Културно лето Новаци 2014 содржи голем број културни содржини од повеќе дејности на културата. Изложби, концерти, промоции на книги, стенд ап комедија се дел од настаните кои што жителите на Новаци ќе имаат можност да ги погледнат на ова културно лето.

„Вечерва започнува културно лето Новаци 2014 во организација на Културно иновативниот клуб Новаци со поддршка на општината.Ова ние втора година и лани го организиравме Имаме предвидено околу 20 настан и и ќе трае до 20 август.Ова е од големо значење за нашата општин, за нашите жители.Ќе се организираат концерти, настани, приредби, театари и слично а културното лето ќе биде затворено со концерт на групата Љубојна. “ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

На свеченото отворање присуствување и пратеникот од дијаспората Васко Наумовски, кој го поздрави богатиот културен живот во општина Новаци.

„Сакам да му се заблагодарам најпрво на градоначалникот Котевски за успехот и да му се множат годините на организирање на вакви манифестации. Како што сум информиран оваа е втора година како се организира во општина Новаци што мие многу драго затоа што моите корени,моето потекло е токму од овде. “ рече пратеникот Наумовски.

Културно лето Новаци 2014 е под покровителство на градоначалникот Котевски и општина Новаци а во организација на КИК Новаци.Минатата година настаните се организраа под манифестацијата Топол културен бран на Министерство за култура.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php