«

»

Jul 05

Летен камп за деца во Новаци „FIFA World Cup“

984149_314084622085041_3370917032406619368_n

Со успешна реализација,заврши летниот камп за деца во Општина Новаци.Околу шеесет дечиња од општината дружејќи се со волонтерите од Мировниот корпус во Македонија имаа можност да учат за културите и традициите од државите домаќини на Светското фудбалско првенство низ најразлични интерактивни активности.

„Многу мие мило што благодарение на волонтерот на америчкиот мировен корпус се организираат вакви настани за дечињата од руралните средини.Ние како општина постојано ќе ги поддржуваме ваквите настани и секако ќе ги охрабруваме за уште поголема масовност и прифатеност. “ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

Летниот камп за деца во Новаци „FIFA World Cup“  започна на 30 Јуни и траеше до 4 Јули 2014  година секој ден од 8 до 13 часот. Заврши со свечено пуштање во употреба на реновираната сала во општина Новаци за што се потрошија средства од општинскиот буџет додека свечено се стави во употреба и реконструираната соблекувална во истиот објект која се реновираше со средства на Мировниот корпус.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php