«

»

Jul 01

Поставена е нова ограда во дворот на општина Новаци

DSC_2897

Полека но сигурно дворот на општина Новаци добива прекрасен лик.Се засадува нова трева и зимзелени садници надополнети со интересни хортикултурни аранжмани.Се чисти прекрасната фонтана која е надополнета со две метарскиот споменик на единствениот мариовско лерински војвода од овај крај Дедо Кољо Добровенски.Деновиве на ново соѕиданата ограда беше поставена нова ограда од ковано железо и прекрасни големи порти.

„Привршуваат активностите околу целосното завршување на проектот кој започна пред две три години а тоа е надградбата и реновирањето на општинската зграда со комплетно уредување на дворот на општина Новаци.По завршувањето на овие финални работи како што е засадувањето на зеленило и хортикултурно уредување за многу брзо време и официјално свечено ќе ја пуштиме во употреба новата општинска зграда со комплетно реновираниот дворен простор“ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

Градоначалникот Котевски рече дека во склоп на општинската зграда целосно се реновира и салата за состаноци и приредби како и една соблекувална за што беа потрошени 500 000 денари општински средства.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php