Monthly Archive: July 2014

Jul 31

15 дечиња од Бамби заминуваат во прво одделение

Со музика и  журка, торта,колачи и доделување на пофалници беа испратени 15-те дечиња од Центарот за ран детски развој „Бамби“ од Новаци во идните нови образовни авантури во прво одделениеГрадоначалникот  Лазар Котевски лично им посака успех во понатамошното школување и им додели пофалници.

Jul 30

Бесплатни превентивни прегледи со Флуоробус во пензионерскиот клуб во Новаци

Жешкото и спарно време е причинител на разни здравствени тегоби во летниот период , па токму затоа општина Новаци во соработка со службата за итна медицинска помош од Битола организираше бесплатни здравствени прегледи за жителите.

Jul 24

Започна уметничката колонија во Мариово

Шест грчки и осум уметници  од нашата земја од различни бранши ја започнаа уметничката програма во Мариовскиот делкоја се организира во рамките на ИПА проектот за заштита на културно-историското наследство „Жива историја-Жива природа“.

Jul 21

Две театарски претстави во рамките на Културно лето Новаци 2014

Продолжува да се реализира култуното лето Новаци 2014.Викендов богата понуда на културни настани.Имено на ново изграденото тениско игралиште во Добромири беше одиграна детската куклена претстава „Пепелашка“, што претставува еден вид обид за успешно децентрализирање на културните настануи и во останатите населени подрачја.

Jul 18

21- ва седница на Советот на општина Новаци

Нема летен одмор за советниците од општина Новаци. Тие денеска ја одржаа 21 –вата седница на која имаа дваесеттина точки на дневен ред.Сите документи претходно беа разгледани а точките беа усвоени.

Jul 17

Ќе се гради насип на река Елешка на вливот во река Црна

Под координаторство на општина Новаци со заеднички сили Битолско поле,Центар за управување со кризи,РЕК,Македонски шуми, ЗК Пелагонија  и Стентон градба ќе започнат со изградба на насип на река Елешка на самиот влив во река Црна со цел заштита на земјоделски површини и пумпите од РЕК Битола.

Jul 12

Започна културното лето Новаци 2014

Со изложба на икони од копаничарот Веселин Поповски, во црквата „Св. Атанасиј” во Општина Новаци беше отворено второто издание на културното лето во оваа општина.

Jul 05

Летен камп за деца во Новаци „FIFA World Cup“

Со успешна реализација,заврши летниот камп за деца во Општина Новаци.Околу шеесет дечиња од општината дружејќи се со волонтерите од Мировниот корпус во Македонија имаа можност да учат за културите и традициите од државите домаќини на Светското фудбалско првенство низ најразлични интерактивни активности.

Jul 03

Свечено пуштена во употреба реновираната сала во општина Новаци

Во присуство на градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски,волонтерот на Мировниот корпус на САД,Хана Траскот и претставници од НВО секторот од општина нОваци со пригодна свеченост и приредба на КИК и КУД Новаци беше свечено пуштена во употреба салата во општината.

Jul 01

Поставена е нова ограда во дворот на општина Новаци

Полека но сигурно дворот на општина Новаци добива прекрасен лик.Се засадува нова трева и зимзелени садници надополнети со интересни хортикултурни аранжмани.Се чисти прекрасната фонтана која е надополнета со две метарскиот споменик на единствениот мариовско лерински војвода од овај крај Дедо Кољо Добровенски.Деновиве на ново соѕиданата ограда беше поставена нова ограда од ковано железо и прекрасни …

Continue reading »

css.php