«

»

Jun 30

Се одржа петтата по ред „Џип Турнеја Мариово 2014“

dzip-poster-630

Викендов се одржа традиционалната петта по ред „Џип Турнеја Мариово 2014“.Збирното место за тргнување беше седум часот од општина Новаци на 28 јуни а заврши во вечерните часови следнито ден.Џип турнејата претставува туристичко возење по шумски патеки во должина од 160 км низ мариовскиот крај со единствена цел запознавање со убавините на Мариово, културно историските споменици и развој на алтернативните спортови и руралниот туризам.

„Ова е петта по ред Џип турнеја се одржува во Мариово општина Новаци, а покровител е градоначалникот Лазар Коетвски.Се тргнува од Новаци се оди преку Орехово,Грумази,пауза имаме над Скочивир ,до ручек на Коњарка,потоа Копанки низ ловишпте Ниџе и стигнуваме до Белица.После мала пауза преку будимирци одиме до местото каде ќе бидеме лоцирани на Чебрен.Се е добро организирано,луѓњто се спремни, адреналинот на високо ниво и мислам дека се ќе биде одлично на високо ниво. Годинава има околу 120 луѓе од секаде низ Македон ија со 36 џипа. “ рече Митко Крстевски,организатор.

Во месноста Чебрен посетителите ќе имаат можност да ги посетат црквата Св.Спас од 16 век и Св.Димитриј од 15 век која е неодамна обновена, некогашниот антиќчки град Чебрен и манастирот Чебрен кој бил еден од најголемите и најпознатите манастири во Македонија.

„Општина Новаци е спонзор на Џип турнејата еве петта година.Има големо значење за нашата општина затоа што е еден вид промоција на нашата општина но и на големите културно историски богатства со кои располагаме.Оваа џип турнеја продолжува низ мариово а главниот собие  е во Чебрен.трасата се менува секоја годиа во зависнотст од органзиаторите.Општина Новаци ќе продолжи и понатаму да ја подржува оваа манифестација.Мариовскиот предел е идеален за вакви манфестации со соодветни патишта.“ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

За прв пат Џип Турнејата Мариово е одржана на 19  и 20 Јуни 2010 година и нема натпреварувачки карактер.Акцентот е ставен на дружење и соработка помеѓу мото клубовите, туристичко воџење низ рурални средини и развој на алтернативниот туризам. Позитивното искуство на сите учесници беше мотив плус за претворањето на Џип турнејата во настан, кој се одржува најмалку еднаш годишно, со број на членови кој постојано се зголемува.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php