«

»

Jun 23

Подвижната игротека во с.Гермијан

Germijan-003

Мобилниот центар за ран детски развој одржа промотивен настан во рамките на Проектот  „Грижа за раниот детски период – Обезбедување на алтернативни предучилишни сервиси“ во село Гермијан, општина Новаци.Настанот беше збогатен со детска претстава со танцова и драмска изведба на дечињата од руралните средини опфатени од проектот.

„Основната цел на проектот е да се доближи безбедната и стимулативна средина за учење на малите деца до местото на нивното живеење во партнерство со родителите и заедницата “  рече д-р Билјана Анчевска,педијатар.

Овој проект ја надополнува работата на традиционалните предучилишни установи и се очекува да привлече повеќе деца во системот на предучилишно образование на еден иновативен начин во обезбедување на овие сервиси, посочи градоначалникот на општина Новаци,Лазар Котевски.

„Овај центар почна со работа за Нова Година а ќе трае до септември месец. Ние како општина сме големи подржувачи на ваквите иницијативи и ќе продолжиме да го однесеме ова автобус и во селата Бач и Живојно. Општина Новаци преку УНДП отвори и други такви центри во Агларци и Добромири се со цел овие млади деца да се социјализираат “ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

 Проектот го имлементираат  Лајфстарт и ВМШ од македонска страна заедно со грчките партнери УНЕСКО Центрите од Солун и Серес.Финансиран е од Европска Унија преку инструментот за предпристапна помош ИПА Програма за прекугранична соработка помеѓу Македонија Грција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php