«

»

Jun 18

Советот на општина Новаци ја одржа 20-тата седница на Совет

IMG_0412

Советот на општина Новаци ја одржа редовната 20-та седница. Советниците денеска разгледаа и донесоа одлуки за 20-тина точки кои се најдоа на денешниот дневен ред.

На самиот почеток беше усвоен записникот за 19-тата седница.Потоа беа донесени неколку програми и одлуки за комунални работи и поубава, позелена и почиста општина Новаци:Предлог Програма за одржување на јавни зелени и прометни површини во општина Новаци, Предлог Проект Почиста и поубава општина Новаци Лето 2014, Одлука за одобрување средства за времено ангажирање на лица за извршување на комунални работи како и за средства за навабка на основни средства за работа.

Советниците донесоа Одлука за отпочнување постапка за изработка на Стратешки план за локален економски развој (ЛЕР) за општина Новаци.

Беше усвоено барањето за одобрување финансиски средства за одржување на Петтата Џип турнеја Мариово на Здружението за запознавање и патување Џип турнеја Мариово од Битола.

Советниците го одобрија спонзорството за одржување на Етно-Илинденски концерт 2014 година во с.Градешница на здружението на граѓани Нетоп Битола.

Беа разгледани и одобрени неколку барања од месни заедници,манастриски одбори и физички лица за : набавка на чакал за манастир во с.Тепавци,изградба на три водоводни шахти во с.Новаци, изградба на помошен објект и кујна во склоп на црквата Св.Никола во с.Зовиќ, асфалтирање на улица во с.Рибарци во должина од 130 метри,на месната заедница Долно Орехово им беа доделени 15 000 денари за набавка на цемент и блокови.

Советот на општина Новаци им додели средства и на Здружението на граѓани Плетенка  за реализација на заеднички проект.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php