«

»

Jun 16

Се одржаа 14-тите пелагониски културно-научни средби во Новаци

IMG_9586

Oпштина Новаци по четиринаесетти пат беше покровител на научниот собир насловен „Пелагониски научни средби“.И годинава истакнати научници родум од пелагонискиот регион ги претставија своите сознанија и истражувања, своите трудови за историјата и развојот на овој крај.

Мноштво научници од областа на историјата и македонистиката ги презентираат своите трудови посветени на културно-историските и духовни вредности на општина Новаци, но и другите населени места кои ја сочинуваат географијата на Пелагонија.

Во рамките на свечениот дел од средбата му беше доделена награда за животно дело на писателот Петко Шипинкаровски а наградата „Ѓорѓи Котевски“ му беше доделана на Елена Ѓорѓиевска Костадиновиќ за книга раскази.Авторот Петре Димовски направи осврт на наградената книга Бунар.

Покровител на овие средби е градоначалникот на Новаци. Лазар Котевски посочи  дека локалната самоуправа го помага одржувањето на овие средби поради афирмацијата што општината ја добива со ваквиот начин на промоција на културното богаство на опшптината, особено мариовскиот крај.

Целта на средбите е популаризирање, односно афирмирање на сите вредности кои ги поседува општината со војот крај.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php