«

»

Jun 04

13 години од загинувањето на бранителите Пеце,Влатко и Благојче кај Шипковица

DSC_3524

Утре се навршуваат  13 години од загинувањето на бранителите во конфликтот  во 2001 година, кога згаснаа младите животи на Пеце Матичевски,Влатко Миленковски и Благојче Силјановски. По тој повод на споменикот Ангел во паркот кај Саат кулата и во касарната Стив Наумов,свежо цвеќе положи делегација на општина Новаци, советот на општина Битола,преставници од  Министерството за одбрана, СВР,Синдикат на РЕК Битола ,Организацијата на резервни офицери на РМ, АРМ, претставници на политички партии, роднини и пријатели на загинатите.

Во чест на бранителите Влатко, Благојче и Пеце ,подрачното министерство за одбрана и организацијата на резервни офицери на РМ секоја година организирабројни манифестации во знак на сеќавање и почит на жртвите  меѓу кои и   меморијалниот турнир во фудбал на кој со своја екипа учествува и општина Новаци. Организатор на целиот настан е Министерството за одбрана – одделението за одбрана Битола. На меморијалниот турнир ќе биде доделен преоден пехар и пехар во трајна сопственост.

DSC_3555

„Секоја година не забораваме да се сетиме на животот и делото на овие бранители кои загинаа за ние денес да живееме слободно .Општина Новаци секоја година го одбележува овој тажен јубилеј, затоа што еден од загинатите бранители, Пеце Матичевски е по потекло од Новаци.Утре на неговото вечно почивалиште наша делегација ќе се поклони и ќе положи свежо цвеќе.“ вели Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Минатата година на гробишата во Новаци беше поставен јарбол на кој се подигна знамето на РМ по повод годишнината од  загинувањето на Пеце Матичевски, а годинава тоа ќе се направи на гробот на Влатко Миленковски. Овој знак на сеќавање и оддавање почит го реализира Организацијата на резервни офицери на РМ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php