«

»

Jun 04

Градоначалникот Котевски на Заедничкиот консултативен комитет (ЗКК) меѓу Република Македонија и Комитетот на региони на Европската унија

sostanok ZELS Brisel

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски како делегат присуствуваше на десеттата седница на Заедничкиот консултативен комитет (ЗКК) меѓу Република Македонија и Комитетот на региони на Европската. На состанокот се дискутираше за две значајни теми, за влијанието на локалните власти во проширувањето на ЕУ и за прекуграничната соработка.Беше потенцирано дека прекуграничната соработка  е добра можност за подигнување на нивото на услугите на општините од РМ со општините од соседните држави.

Општина Новаци има одлична соработка со соседните општини особено со општина Алмопиа од Грција со која веќе имплементира ИПА проект за заштита на културно-историското наследство.

Министерот за локална самоуправа Тахир Хани истакна дека РМ има на располагање 27 милони евра средства од ИПА фондовите на ЕУ за прегугранична соработка од кои 70 отсто се искористени.

Копретседавачот на Заедничкиот консултативен комитет градоначалникот на Канур, Франција Жак Бланк истакна дека ги поддржуваат напорите на Македонија за отворањето на преговорите за пристап кон ЕУ.

– Ги поддржуваме вашите напори за учествување во заеднички проекти за соработка и истовремено ги мериме тие напори што ги прави Владата. Овие напори се вршат на повеќе нивоа, и од страна на членовите на Комитетот на региони и од страна на локалните избраници, рече Бланк.

Организатори на настанот се Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) во соработка со Министерството за локална самоуправа.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php