Monthly Archive: June 2014

Jun 30

Се одржа петтата по ред „Џип Турнеја Мариово 2014“

Викендов се одржа традиционалната петта по ред „Џип Турнеја Мариово 2014“.Збирното место за тргнување беше седум часот од општина Новаци на 28 јуни а заврши во вечерните часови следнито ден.Џип турнејата претставува туристичко возење по шумски патеки во должина од 160 км низ мариовскиот крај со единствена цел запознавање со убавините на Мариово, културно историските …

Continue reading »

Jun 23

Подвижната игротека во с.Гермијан

Мобилниот центар за ран детски развој одржа промотивен настан во рамките на Проектот  „Грижа за раниот детски период – Обезбедување на алтернативни предучилишни сервиси“ во село Гермијан, општина Новаци.Настанот беше збогатен со детска претстава со танцова и драмска изведба на дечињата од руралните средини опфатени од проектот.

Jun 20

Хортикултурно уредување на дворот на игротеката „Бамби“ во Новаци

Со помош на родителите хортикултурно се уредуваше дворот на Центарот за ран детски развој „Бамби“ во Новаци. Цвеќињата беа донирани од Менде Митревски од Новаци кој е локален производител на декоративни насади.

Jun 20

Јавен оглас

Почитувани граѓани, Огласот за ангажирање на 15 невработени лица со ниска квалификација и средно образование кои ќе бидат ангажирани за средување на зелените површини во населените места во општина Новаци за период од 2 месеци можете да го најдете ТУКА.

Jun 18

Советот на општина Новаци ја одржа 20-тата седница на Совет

Советот на општина Новаци ја одржа редовната 20-та седница. Советниците денеска разгледаа и донесоа одлуки за 20-тина точки кои се најдоа на денешниот дневен ред.

Jun 18

Започнаа со работа игротеките во Живојно,Горно Агларци и Добромири

Започнаа со работа трите игротеки во населените места:Живојно,Горно Агларци и Добромири кои ќе едуцираат и ќе влијаат на раниот детски развој на 50 дечиња на претшколска возраст.Станува збор за шестмесечен проект „Растеме и учиме заедно“на општина Новаци преку програмата за Општинско корисна работа поддржана од УНДП,АВРМ и МТСП.

Jun 16

Се одржаа 14-тите пелагониски културно-научни средби во Новаци

Oпштина Новаци по четиринаесетти пат беше покровител на научниот собир насловен „Пелагониски научни средби“.И годинава истакнати научници родум од пелагонискиот регион ги претставија своите сознанија и истражувања, своите трудови за историјата и развојот на овој крај.

Jun 10

Оглас за ангажман на организатор на уметничка програма

На следниот ЛИНК можете да го најдете огласот за ангажман на организатор на уметничка програма во Мариовскиот регион во рамките на проектот “Жива историја, жива природа”, финансиран од ИПА програмата за прекугранична соработка.

Jun 10

Оглас за преведувач на грчки јазик

Почитувани, На следниот ЛИНК можете да го најдете огласот за ангажман на преведувач на Грчки јазик во рамките на проектот “Жива историја, жива природа”, финансиран од ИПА програмата за прекугранична соработка.  

Jun 10

Покана за ангажирање на уметници

               Почитувани, Погоре ја имате поканата за ангажирање на умeтници во рамките на проектот “Жива историја, жива природа”, финансиран од ИПА програмата за прекугранична соработка. Апликациониот формулар можете да го симнете од ТУКА.

Older posts «

css.php