«

»

May 30

Општина Новаци отвора три игротеки во Добромири,Горно Агларци и Живојно

IMG_9576

Општина Новаци започнува со реализација на проетот „Растеме и учиме заедно“ од програмата за општинско корисна работа, во чии рамки ќе бидат времено ангажирани три едукатори воспитувачи кои ќе работат во новоотворените Центри за ран детски развој во Добромири,Горно Агларци и Живојно.

„Од 1 јуни Општина Новаци започнува со реализација на проектот „Растеме и учиме заедно“ .Ова е проект кој го  финансира општина Новаци заедно со УНДП,АВРМ и МТСП.Мометално проектот опфаќа отворање на игротеки во три села и тоа :Добромири, Горно Агларци и Живојно. Заинтересираноста кај родителите е многу голема  затоа што значи социјализација за децата од руралните средини заедничко дружење и учење.Општина Новаци ќе продолжи и понатаму со поддржување на ваквите проекти. “ рече градоначалникот Лазар Котевски.

Преку имплеметацијата на овој проект ќе се отворат Центри за ран детски развој во три рурални средини во општина Новаци  а тоа ќе значи и времено вработување на три лица со кои денеска беше потпишан договор.

„Ќе работам на проектот „Растеме и учиме заедно“. Долго време очекував да најдам работа и ова ми претставува една шанса за тоа да ги обучувам дечињата од руралните средини. “ рече Најдовска Оливера,дипломиран воспитувач.

Општина Новаци втор пат работи на проект од програма за општинско корисна работа,претходно успешно го имплементираше шест месечниот проект за неформално образование на жените албанки и нивно изучување на македонскиот  јазик.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php