«

»

May 29

Заврши турнирот во мал фудбал „Пеце Матичевски“ во Новаци

pobednici

Тимот Општина Новаци е победник на десетдневниот турнир во мал фудбал „Пеце Матичевски“ кој се одржа во Новаци.Со резултат 6 спрема 1 беше поразен тимот Корзо, а победниците за освоеното прво место добија парична награда од 27 000 денари,дипломи за учесниците и  победнички пехар кој им го врачи таткото на загинатиот бранител  во чија чест се организира овој турнир.

„Оваа година за прв пат го организираме овој турнир во мал фудбал „Пеце Матичевски“ во чест на нашиот сожител кој загина во конфликтот во 2001 година а е родум од Новаци.Сите фудбалски натпревари се одиграа на новото повеќенаменско игралиште кое е осветлено со рефлектори а е изградено со средства од Агецијата за млади и спорт на РМ. Општина Новаци го поддржува одржувањето на овој спортски настан кој годинава се одржува за прв пат но ќе се погрижиме истиот да прерасне во традиционален.“ рече градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски.

 

Второ пласираните Корзо добија парична награда од 17 000 денари,третопласираните Карго 10 000 денари а четврто пласираните Папараци  5000 денари. За најдобар играч на турнирот беше прогласен Николче Јовановски од Новаци кој се натпреваруваше за тимот општина Новаци а инаку е играч на ФК Новаци кој се натпреварува во втората фудбалска лига.

„Турнирот иако се организира прв па наиде на голем одзив ,се пријавија 16 екипи кои се натпреваруваа десет дена секоја вечер. Секоја од екипите плати котизација за учество по 4000 денари а тие средства се искористија за организацијата и за наградите кои ги доделивме.Парични награди покрај за прво место, дипломи и пехар се обезбедија за второ,трето и четврто пласираните учесници“ велат организаторите.

Градоначалникот Котевски и Општина Новаци се големи поддржувачи на спортски настани.Неколку години наназад по повод Денот на независноста 8-ми септември организираат меѓународен фудбалски турнир за деца.Минатата година турнирот се одржа 4 дена а учествуваа околу 1000 учесници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php