«

»

May 26

Советот на општина Новаци ја одржа 19-тата седница

IMG_0412

Дваесеттина точки на дневен ред се најдоа денеска пред советниците на Советот на општина Новаци.Сите беа разгледани и усвоени од претставниците на жителите на оваа општина.

Зелено светло доби Предлог програмата за управување со животната средина во однос на влијанието од енергетскиот сектор,предлог програмата за изработка на општи акти, одобрен беше извештајот за реализација на програмата за изградба,реконструкција и одржување на локалните патишта и улици за 2013 година.

Советниците донесоа Одлука за сопствено финансиско учество на општина Новаци во програмата Општинско корисна работа проект „Растеме и учиме заедно“за отворање на 3 игротеки во населените места:Добромири,Горно Агларци и Живојно.Одобрени се финансиски средства за опремување на две од трите простории каде ќе се отворат центрите за ран детски развој.

Советот одобри средства за организирање на Културно лето во Новаци со бројни музички и културни настани.Проектот ќе аплицира и во манифестацијата„ Топол културен бран“ на Министерство за кулутра на РМ.

Усвоено беше барањето на ЦОУ „ Славко Лумбарковски“ од Новаци за хортикултурно уредување на училишните простории, на месната заедница од Долно Агларци за санирање на полски патишта, на месната заеница од с.Грумази одобрено им е санирање на локалниот пат с.Долно Орехово – с.Грумази.

Советниците донесоа неколку предлог одлуки за вклопување на бесправно изградени објекти во идна урбанистичка документација,одлука за проширување и измена на распоредот на средствата на буџетот на општина Новаци и неколку барања за помош на физички лица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php