«

»

May 23

Општина Новаци со превенција ќе се бори против поплавите

DSC_1207

На иницијатива на градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски денеска се одржа состанок на кој се формираше координативно тело кое ќе дејствува превентивно со цел спречување на појава на поплави и несакани последици од истите.

„Поучени од она што деновиве е најактуелно а тоа се поплавите кои ги зафатија нашите соседи Србија,Босна и Хрватска а со оглед на тоа што нашата општина е подлежна на вакви појави инициравме средба на која беа поканети претставници од јавен и приватен сектор кои можат да дејствуваат во превенција од појава на поплави на територијата на општина Новаци. Морам да кажам дека сум многу задоволен од прифатеноста на мојот предлог и од спремноста сите да се вклучат и заеднички да поработиме на превенцијата.Добивме целосна поддршка со механизација и работна сила за чистење на канали и речни корита од РЕК Битола, Битолско поле, Македонски шуми и од Ценатрот за заштита и спасување но особено ме радува што сакаат да се вклучат и приватниот сектор а тоа се фирмите ЗК Пелагонија и Стентон градба“ рече градоначалникот Котевски.

Општина Новаци секоја година спроведува чистење на речните корита и канали на нејзина територија.Годинава благодарение на средствата одобрени од Министерството за животна средина и просторно планирање на РМ се спроведува темелно чистење на коритото на река Црна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php