«

»

May 22

Дечињата од Центар „Бамби“ успешно вклучени во Глобалната уметничка изложба до 12 години

DSCN1086

22 цртежи изготвени од деца на претшколска возраст од Кина , Америка, Боцвана и Никарагва беа испратени до врсниците од Центарот за ран детски развој „Бамби“ од Новаци како одговор на нивното учество во глобалната уметничка изложба  организирана под мотото „Градење на мостови помеѓу училниците од светот“.

„Ме радува фактот што постојано сме активности како општина во било која сфера. Особено се радувам што овој пат станува збор за најмладите жители на општина Новаци. Ние како локална самоуправа постојано го поддржуваме и помагаме Центарот „Бамби“ и понатаму ќе го правиме тоа“ рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Цртежите беа изработени до дечиња на возраст помежу 6 и 12 години.

„За овој конкурс дознавме од волонтерот на Мировниот корпус кој работи во општина Новаци, Хана Траскот и решивме со изработки на нашите деца да учествуваме.Испративме плико со цртежи и неколку месеци подоцна на наше изненадување довиме возвратна пратка. Бамби е единствен центар од Македонија на кој му беа испратени вакви цртежи, а во оваа акција заедно со нас од Балканот се вклучија само Албанија и Србија.“ рече Николина Лозановска едуактор во Центарот.

Во оваа активност учество зедоа преку 50 училишта од вкупно 28 држави во светот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php