«

»

May 21

Општина Новаци се вклучи во хуманитарната помош за настраданите подрачја во поплавите во Србија,Босна и Хрватска

DSC_1125

Под мотото „Хуманоста пред се“ и општина Новаци се вклучу со помош за настраданите подрачја од поплавите во Србија,Босна и Хрватска.

„Организиравме акција за собирање на помош помеѓу жителите на општина Новаци и наидовме на огромна поддршка.Секој се вклучи во границите на своите можности со донирање на вода, средства за хигиена и лична хигиена, храна, облека,ќебиња и слично. На овој начин сакаме да ја изразиме нашата поддршна за соседите, да им помогнеме во овие тешки времиња за нив и се разбира да им пренесиме да издржат“ реча градоначалникот на општина Новаци, лазар Котевски.

Собраната помош од општина Новаци беше предадена на собирните пунктови во Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php