«

»

May 07

Одбележан Денот на полицијата – 7-ми Мај во П.С Новаци

DSC_8005

Денот на македонската полиција 7 ми мај одбележан и во полициската станица во Новаци. Станицата ја посетија првачињата од ЦОУ „Славко Лумбарковски“ од Новаци и дечињата од претшколска возраст кој го посетуваат Центарот за ран детски развој „Бамби“ кои одблиску се запознаа со работата на чуварите на редот и мирот, со нивото оружје и реквизити со кои располагаат а ги користат при вршењето на нивната секојдневна должност.

„Денеска се одбележува денот на полицијата а бидејќи во нашата општина имаме полициска станица дојдовме тука за заеднички да го прославиме  овој ден. Постоењето на полициска станица во нашата општина е од големо значење и можам да се пофалам дека имаме одлична соработка на секое поле.“ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

Денот на македонската полиција беше одбележан ширум целата држава.Министерката за внатрешни работи гордана Јанкуловска положи цвеќе пред споменикот на паднатите бранители припадници на МВР а централниот настан се одржа во Центарот за обука на кадри во Идризово.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php