«

»

May 06

Нема опасност од поплави и прелевање на река Црна

IMG_0154

Иако изминатиот период се карактеризираше со многубројни врнежи, на територијата на општина Новаци нема потенцијална опасност за излевање на реките и поплавување на земјоделските површини како што беше случај минатата година.

Според градоначалникот Лазар Котевски будно се следи состојбата со водостојот на Црна Река и одводните канали.

 

„Во моментов нивото на река Црна изнесува  2 метри а максимумот кој претставува аларм за опасност изнесува  3,5-4м. Но и покрај тоа што засега се е во ред ние будно ја следиме состојбата со каналите, а претходно спровердовме и акција на чистење на 9-от и 10-от канал, кои врват низ целата територија на општина Новаци.“ рече Котевски.

 

Според земјоделските експерти , врнежливиот период е погоден за есенската сеидба но сепак постои опасност од појава на болести кај посеаните култури од премногу влага. Дождовите ја одложија и седибата на пченката која може да покаже загуби во фазата на зреење, берење и сушење.

 

Ако дождовите престанат земјоделците велат дека ќе имаат плодна година и богат род.

Вељо Тантаров од Сојузот на земјоделци вели ако не запрат дождовите сепак не ни се зканува излевање на Црна која во еден дел била исчистена, но се надева дека ветеното од државата да се исчисти коритото на Река Црна ќе биде исполнето.

Општина Новаци веќе спроведува акција за чистење на обраснатото корито на река Црна со нафта од државните резерви. Во моментот се чисти делницата од мостот спротиводно кон манастирот Рожденство на Пресвета Богородица во должина од 1 км а во оваа фаза се искористени 8 тони нафта.

Пред две години општина Новаци  заради наглото топење на снегот и врнежливиот период мораше да се справува со поплави  на 2000 хектари обработлива земјоделска површина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php