«

»

May 05

Доделени дипломи на учесниците во проектот Општинско корисна работа „Неформално образование на жените албанки во општина Новаци“

DSC_0148

Општина Новаци веќе 6 месеци успешно е вклучена во програмата Општинско корисна работа и може да се пофали со успешно завршување на проектот “неформално обазование на жените албанки на територијата на општина Новаци“.

Програмата Општинско- корисна работа има за цел да овозможи социјално вклучување  на невработени лица преку нивно ангажирање на определено скратено работно време, заради стекнување на одредени вештини и постепено вклучување на пазарот на трудот. Во општина Новаци беа ангажирани 4 невработени лица како едукатори по македонски јазик кои 6 месеци добиваа по 6000 денари надоместок за својата работа.

„Со проектот за неформално образование беа опфатени 25 жени од селата:Новаци,Добромири, Горно и Долно Агларци,Далбеговци,Рапеш, Живојно,Бач и Гермијан.        Основна цел на проектот на општина Новаци кој спаѓаше во проекти со иновативен карактер и идеја  беше описменување на  жените албанки кои се мажени и живеат на територијата на општина Новаци, а потекнуваат од пограничниот дел на Република Албанија. Сметавме дека со овој проект тие ќе си ја олеснат комунакацијата и интеракцијата во секојдневниот живот но ќе можат  и да се вклучат на пазарот на трудот како активни баратели на работа кои го зборуваат,знаат да читаат и пишуваат на македонски јазик.Со тоа тие ќе бидат поконкурентни во однос на домашното население и ќе имаат поголеми шанси за добивање на работа. Преку проектот за општинско корисна работа овие жени ќе добијат можност за полесно и подобро да се инфилтрираат во сите сфери на општественото живеење но и полесна адаптација во средината каде што живеат.Со добивањето на првично неформално образование на македонски јазик покрај што ќе знаат да читаат и пишуваат, ќе можат да им помагаат во образовниот процес на своите деца.“ рече градоначалникот Котевски.

Со реализацијата на проектот за општинско корисна работа Општина Новаци вложува во образованието на своите жители како еден од приоритетите во развојот на човечкиот капитал и предуслов за економски раст, влијае на намалување на невработеноста и социјалната кохезија.

Проектот беше поддржан од УНДП кои обезбедија средства за хонорарите на едукаторите односно 144 000 денари додека општината учествуваше со свои средства кои беа наменети за превоз на едукаторите, набавка на работни материјали, организирање на промотивна кампања и настани односно 81 750 денари.

Програмата општинско корисна работа општина Новаци ја реализира во соработка со УНДП, Агенцијата за вработување на РМ и Министерството за труд и социјална политика на РМ.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php