«

»

May 02

Со здружени сили за заштита на животната средина во пелагониско-леринскиот прекуграничен регион

20140429_163047 (1)

Државните административци од пограничните општини во  Пелагонија и Лерин присуствуваа на тренинг за заштита на животната средина и природните ресурси , како дел од проектот „Иновативни едукативни програми за зајакнување на природните ресурси во прекуграничниот регион Пелагонија/Лерин“.

Во текот на дводневната обука колегите имаа можност заеднички да дискутираат , да споделат искуства но и да иницираат идна меѓусебна соработка во областа на заштитата на животната средина и природните ресурси.

Покрај теоретскиот дел обуката вклучуваше и едукативна посета на Центарот за едукација и заштита на животната средина во Веви-Леринско и регионалната депонија во Кожани.

Трениг обуката беше дел од имплементацијата на проектот „ЗООИноватива“ финансиран од ИПА програмата за шпрекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Грција.

20140430_114903

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php