«

»

May 02

Се одржа 18 тата седница на Советот на општина Новаци

IMG_5142

Веднаш по завршувањето на претседателските и парламентарните избори 2014 Советот на општина Новаци ја одржа редовната седница во месец април, 18 та по ред.

Советниците имаа полни раце работа па разгледаа, дискутураа и решија околу 30 тина одлуки, барања и решенија.

На дневен ред беше ставен и усвоен тромесечниот извештај за извршувањето на буџетот на општина Новаци за периодот 01.01- 31.03 2014 година.Беше донесена Одлука за спроведување на мерки на превентивна дезинсекција и системска дератизација, донесена Одлука за формирање Совет за јавно здравје на општина Новаци, Одлука за усвојување на годишниот извештај за работата на ЦРППР за 2013 година,разрешен беше член од Надзорниот одбор на комуналното претпријатие „Комунална хигиена “ Новаци и именувана беше негова замена.

Советниците усвоија и неколку одлуки за меѓусебна општинска соработка и формирање на комисии и членови за истата, ја усвоија програмата за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести како и одлука за набавка на 20 метални контејнери.

Беа одобрени  средства за обука на администрацијата и полагање на стручен испит  за енергетски контролори, за печатење на книгата  „Исчезнати и раселени населби во општина Новаци“ од авторот Ѓорѓи Лазаревски од Битола, одобрени средства за натпреварување во пролетниот дел од 2014 година на ФК Новаци во втора фудбалска лига, одобрени средства за изградба на две водопоила и извор за вода и спроведување до црквата во с.Грумази ,за изградба на придружни објекти во манастирскиот комплекс Св.Архангел Михаил во Скочивир, тампонирање на патот до црквата Св.Илија Брен во с.Градешница и ред други барања од физички лица по разни основи.

Советниците донесоа неколку одлуки за вклопување на бесправно изградени објекти на територијата на општина Новаци,предлог Одлука за условите и начинот за снабдување со вода за пиење и одведување на урбани води како и  Предлог Одлука за условите и начинот на организирање, собирање и транспортирање на комунален и друг вид на неопасен отпад.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php