Monthly Archive: May 2014

May 30

Општина Новаци отвора три игротеки во Добромири,Горно Агларци и Живојно

Општина Новаци започнува со реализација на проетот „Растеме и учиме заедно“ од програмата за општинско корисна работа, во чии рамки ќе бидат времено ангажирани три едукатори воспитувачи кои ќе работат во новоотворените Центри за ран детски развој во Добромири,Горно Агларци и Живојно.

May 29

Заврши турнирот во мал фудбал „Пеце Матичевски“ во Новаци

Тимот Општина Новаци е победник на десетдневниот турнир во мал фудбал „Пеце Матичевски“ кој се одржа во Новаци.Со резултат 6 спрема 1 беше поразен тимот Корзо, а победниците за освоеното прво место добија парична награда од 27 000 денари,дипломи за учесниците и  победнички пехар кој им го врачи таткото на загинатиот бранител  во чија чест …

Continue reading »

May 27

Оглас за ангажман на лице за дизајнирање на покана

Почитувани, На следниот ЛИНК можете да го најдете огласот за ангажман на дизајнер на покана во рамките на проектот “Жива историја, жива природа”, финансиран од ИПА програмата за прекугранична соработка.

May 26

Советот на општина Новаци ја одржа 19-тата седница

Дваесеттина точки на дневен ред се најдоа денеска пред советниците на Советот на општина Новаци.Сите беа разгледани и усвоени од претставниците на жителите на оваа општина.

May 23

Општина Новаци со превенција ќе се бори против поплавите

На иницијатива на градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски денеска се одржа состанок на кој се формираше координативно тело кое ќе дејствува превентивно со цел спречување на појава на поплави и несакани последици од истите.

May 22

Дечињата од Центар „Бамби“ успешно вклучени во Глобалната уметничка изложба до 12 години

22 цртежи изготвени од деца на претшколска возраст од Кина , Америка, Боцвана и Никарагва беа испратени до врсниците од Центарот за ран детски развој „Бамби“ од Новаци како одговор на нивното учество во глобалната уметничка изложба  организирана под мотото „Градење на мостови помеѓу училниците од светот“.

May 21

Општина Новаци се вклучи во хуманитарната помош за настраданите подрачја во поплавите во Србија,Босна и Хрватска

Под мотото „Хуманоста пред се“ и општина Новаци се вклучу со помош за настраданите подрачја од поплавите во Србија,Босна и Хрватска.

May 19

ЕУ автобусот во Новаци

   Градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски, администрацијата,локалното население и ЦОУ „ Славко Лумбарковски“ беа домаќини на ЕУ автобусот предводен од Роберт Лидл,амбасадор на Делегацијата на ЕУ. Посетата на ЕУ бусот се должи на  активноста под наслов „ЕУ одблизу“.

May 15

Новаци го слави Свети Атанасиј

Синоќа и денес сите жители на Новаци неуморно се подготвуваат за куќната слава на селото Свети Атанасиј.Непостои куќа и домаќинство кое подготвува богата трпеза  за многубројните гости, светат лепче и присуствуваат на богослужба во црквата која го носи името на светецот кој се празнува Св.Атанасиј.

May 14

Јавен оглас до евидентирани невработени лица

Јавниот оглас до евидентирани невработени лица за целите на проектот “Растеме и учиме заедно” од програмата Општинско-корисна работа можете да го најдете ТУКА.

Older posts «

css.php