«

»

Apr 29

На повидок ново збратимување на општина Новаци со сродна општина од Р.Турција

DSC_9075

Општина Новаци продолжува со позитивниот тренд на збратимување и ширење на пријателствата.Градоначалникот Лазар Котевски беше домаќин на турска делегација со кои разменија промотивни материјали и меморандум за збратимување и соработка.

„Ова е иницијатива која веќе подолго време постои но мислам дека за месец-два ќе знаеме која е турската општина со која ќе потпишеме меморандум за збратимување.Целта на ова пријателство е ширење на познанства, меѓународна и културна соработка, црпење на средства од ЕУ фондовите, бизнис инвестиции од турски стопанственици и слично. “ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

Општина Новаци преку амбасадорот на РМ во Турција, Горан Таскоски оствари контакти со општина Јеникент, потоа со општина Селчук но сега во игра за збратимување се 6 други општини од околината на Измир.

„Шест општини во околината на Измир:Балчован, Урла,Ѓузелбахче, Сеферисар,Карабурм и Бајраклар се во игра за збратимување како сродни општини според карактеристиките а секако ќе биде земено во предвид бројот на македонско население кое живее во нив“ рече Аднан Јетишкин,претседател на здружение на македонци во Измир.

Градоначалникот Котевски веќе има остварено контакти со турски биснисмени кои по збратимувањето сакаат да инвестираат во општина Новаци. Се поизвесно е името на турската земјоделска фирма Смирна Парс од Измир.

Општина Новаци на барање на бугарскиот конзул Чавдар Младенов наскоро може да се збратими и со бугарска општина од околината на приморскот град Варна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php