«

»

Apr 25

Започна реконструкцијата на регионалниот патен правец Новаци-Добромири

DSC_8658

На огромна радост на Добромирчани во присуство на министерот за финансии и министерот за транспорт и врски Зоран Ставревски и Миле Јанакиевски, градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски, директорот на Агенцијата за државни патишта Љупчо Ѓеоргиевски, кандидатот за пратеник Мирјана Кузмановска,мноштво жители и медиуми започна да се асфалтира фреквентниот регионален патен правец Новаци- Добромири во должина од 3 километри.

„Со задоволство можев да ги надгледам работните активности на реконструкцијата на патот Добромири-Новаци која е во тек и која што ќе се реализира во наредните десеттина дена.Тоа е едно ветување кое го имавме дадено за жителите на село Добромири ,тоа ние ќе го испочитувавме, и еве сега ќе се реализира односно ќе се реконструира патот кој долги години бил во многу лоша состојба.Вредноста на инвестицијата е 7,5 милиони денари а средствата се обезбедени и Македонија пат и јавното претпријатие за патиштаќе ја завршат работата во следните неколку дена.“ -изјави Зоран Ставревски, носител на листа од ВМРО ДПМНЕ за ИЕ 4.

Министерот Ставревски најави комплетна реконструкцијата на овој регионален патен правец кој ги поврзува двете општини Новаци и Могила.

„Сонот стана јаве. После долги години на овој пат се врши реконструкција во должина од 3 километри со средства од Владата а преку Македонија пат.Во наредните неколку дена ќе биди целосно асфалтиран.Асфалтирањето потоа ќе продолжи како што најави и вицепремиерот до петљата кај Тополчани  во должина од 18 км во наредниот период.“ – изјави Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Реконструкцијата на регионалниот патен правец Новаци-Добромири чини 7,5 милиони денари, а средствата ги обезбеди Владата на Р Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php