«

»

Apr 23

МЕПСО ќе гради 400kV далекувод

DSC_7845

Во општина Новаци се одржа презентација и јавна расправа за Студијата за оцена на влијанието врз животната средина на проектот на МЕПСО: “Изградба на интерконективен надземен вод 400kV ТС Битола 2 -македонско-албанска граница и ТС 400/110 kV Охрид.

„Инвеститор на овој проект е МЕПСО а презентацијата е во организација на МЖСПП.Ние како ЕЛС обезбедуваме потребни услови и просторија за одржување на јавната презентација “ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

Вакви јавни расправи ќе се одржат уште во пет општини.

„Инвеститоерот МЕПСО ја изработи студијата за влијанието врз животната средина на проектот:Изградба на интерконективен надземен вод 400kV ТС Битола 2 Македонско-албанска граница и ТС 400/110 kV Охрид и истата е ставена на увид на веб страната на АД Македонски електропреносен систем оператор – АД МЕПСОwww.mepso.com.mk, и во канцелариите на општина Новаци, општина Могила, општина Битола, општина Ресен, општина Дебрца, општина Охрид и општина Струга “ велат од МЖСПП на РМ.

Презентациите се во организација на МЕПСО и Министерството за животна средина и просторно планирање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php