«

»

Apr 17

Велики четврток во општина Новаци

DSC_6016

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски заедно со кандидатот за пратеник во И.Е бр.4 Мирјана Кузмановска на традиционален начин со корпа бојадисани јајца остварија средба со жителите на село Добромири, ги посетија и дечињата од ЦОУ „Славко Лумбарковски“ и Центарот за ран детски развој „Бамби“.

„Секогаш ја користиме секоја можност да ги негуваме и продолжуваме традициите тоа го правиме и на денешен ден, ден кој се смета за празник и е еден од базичните настани за Црквата. Сега се наоѓаме во средината на Страдалната седмица, седмица која е полна со важни настани за спасението на човекот.Преку бојадисување јајца, дарување и слично ги учиме и децата да ја негуваат и продолжуваат таа традиција односно ги воспитуваме со христијански дух.“ рече градоначалникот Котевски.

DSC_6035

Во четвртокот од таа последна недела на Христовиот живот на земјата беше востановена животоносната тајна на Црквата, тајната на Евхаристијата.Таа тајна е востановена во горната соба од една ерусалимска куќа, кога Христос зеде леб, го прекрши и им подаде на учениците, т.е. на апостолите, а зеде и чаша со вино и исто така им ја подаде да пијат, со што ја најави својата смрт и таинствениот трепет што треба да го имаат учениците, зашто по неговата смрт беше јасно дека нешто ќе се случи.Таа тајна е изворот на целокупното богослужење на Црквата, а нејзиниот централен дел е причестувањето со телото и крвта Христова. Со обичаи и верувања особено е исполнет Велики четврток или Величетврток како што почесто се вика меѓу народот. Главен обичај што се изведува на овој ден и со посебно внимание е вапцувањето на велигденските јајца. Според обичајот најпрвин се вапцувале три јајца, а потоа и другите.Особено повеќе обичаи и верувања се поврзани со јајцето првак за кое се верува дека има магиска моќ. Тоа подоцна стои пред иконата, со него се враќа облак, се лекуваат болести кај луѓето и стоката, тоа заштитува од пожар, гром и сл.

DSC_5984

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php