«

»

Apr 14

Tрибина на тема:„Нашиот јазик-наш идентитет“.

tribina

Научна трибина со еминентни професори по македонски јазик на тема:„Нашиот јазик-наш идентитет“ се одржа денеска во салата на општина Новаци.На настанот присуствуваше градоначалникот Лазар Котевски и кандидатот за пратеник во изборната единица број. 4 Мирјана Кузмановска, кои пред присутните ја посочија важноста од чувањето и негувањето на македонскиот јазик кој е суштински за нашиот идентитет и државност.

„Во светот постојат многу нации и тие нации си имаат свој јазик. Јазикот е показател на идентитетот, на припадноста кон одредена нација. Затоа  чувањето на јазикот е наш долг и наше право, дека чувајќи го мајчиниот јазик ја чуваме нашата татковина. Ова е особено важно сега во време кога псотоајно сме оспорувани и негирани од нашите соседи. “ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

tribina 1

Кандидатот за пратеник во И.Е бр.4 своето обраќање пред присутните го започна со цитирање на извадок од како што рече најважната книга за македонскиот јазик „За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков.

„Јазикот на еден народ е негово духовно наследство и богатство.Затоа е неопходно да се негува и чува уште од мали нозе, постојано да се учи и надоградува затоа што само така ќе го зачуваме нашиот идентитет, идентитетот на македонскиот народ и македонската држава.Во јазикот,се познава минатото, сегашноста и иднината на еден наро, македонскиот јазик е срцето на Македонија.. “ рече Мирјана Кузмановска, кандидат за пратеник во И.Е бр.4.

Јазикот е основно средство за комуницирање, пренесување на мислата , разбирање меѓу луѓето. Преку јазикот најдобро се идентификуваат националностите, кои се, и од каде доаѓаат. За  Македонија, македонскиот јазик е основно  национално обележје по кое се препознаваме во светот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php