«

»

Apr 10

Во тек е акција за чистење на коритото на река Црна

IMG_0154

Општина Новаци започна акција за чистење на обраснатото корито на река Црна.Во моментот се чисти делницата од мостот спротиводно кон манастирот Рожденство на Пресвета Богородица во Новаци.

„Ме радува оваа акција на чистење на коритото на река Црна затоа што токму ова ни претставуваше голем проблем при појавите на поплавите затоа што надојдената вода преку каналите се враќаше назад и ги поплавуваше земјоделските површини. Акцијата се спроведува благодарение на Министерството за животна средина  и просторно планирање кои ни доделија 20 тони нафта.Во оваа фаза користиме 8 тони нафта за чистење на 800 до 1000 метри речно корито.Понатамошното чистење ќе продолжи во фази согласно предвидениот Акционен план како што ќе ни се доставува горивото.“ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

Мониторинг на акцијата врши подрачната единица  на Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување и ресорното Министерство.

Општина Новаци секоја година спроведува чистење на речните корита и канали на нејзина територија.Годинава благодарение на средствата одобрени од Министерството за животна средина и просторно планирање на РМ се спроведува темелно чистење на коритото на река Црна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php