«

»

Apr 09

Традиционална трпеза на УЖ на Новаци и Могила за децата од Центарот за оштетен слух,говор и глас „Кочо Рацин “ од Битола

IMG_6500

Домашна погача, питулици, тулумби,раванија,гравче тавче и што уште не можеше да се најде на традиционалната трпеза со македонски јадења подготвена од вредните раце на жените од Униите на жени на општините Новаци и Могила.Настанот имаше хуманитарен карактер со цел дружење заедно со дечињата штитеници на Центарот за оштетен слух,говор и глас „Кочо Рацин “ од Битола.

„Ме радува што гледам толкава масовност, воспоставената соработка и дружење помеѓу вредните жени на двете соседни општини Новаци и Могила, а најмногу ме радува фактот што во вас ја разбудивте хуманоста, можноста да ја споделите и подарите љубовта заедно со дечињата од Центарот „Кочо Рацин“.-рече градоначалникот на општина Новаци,Лазар Котевски.

Настанот се организира за прв пат со можност да прерасне во традиција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php