Monthly Archive: April 2014

Apr 29

На повидок ново збратимување на општина Новаци со сродна општина од Р.Турција

Општина Новаци продолжува со позитивниот тренд на збратимување и ширење на пријателствата.Градоначалникот Лазар Котевски беше домаќин на турска делегација со кои разменија промотивни материјали и меморандум за збратимување и соработка.

Apr 25

Започна реконструкцијата на регионалниот патен правец Новаци-Добромири

На огромна радост на Добромирчани во присуство на министерот за финансии и министерот за транспорт и врски Зоран Ставревски и Миле Јанакиевски, градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски, директорот на Агенцијата за државни патишта Љупчо Ѓеоргиевски, кандидатот за пратеник Мирјана Кузмановска,мноштво жители и медиуми започна да се асфалтира фреквентниот регионален патен правец Новаци- Добромири во …

Continue reading »

Apr 23

МЕПСО ќе гради 400kV далекувод

Во општина Новаци се одржа презентација и јавна расправа за Студијата за оцена на влијанието врз животната средина на проектот на МЕПСО: “Изградба на интерконективен надземен вод 400kV ТС Битола 2 -македонско-албанска граница и ТС 400/110 kV Охрид.

Apr 17

Велики четврток во општина Новаци

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски заедно со кандидатот за пратеник во И.Е бр.4 Мирјана Кузмановска на традиционален начин со корпа бојадисани јајца остварија средба со жителите на село Добромири, ги посетија и дечињата од ЦОУ „Славко Лумбарковски“ и Центарот за ран детски развој „Бамби“.

Apr 14

Tрибина на тема:„Нашиот јазик-наш идентитет“.

Научна трибина со еминентни професори по македонски јазик на тема:„Нашиот јазик-наш идентитет“ се одржа денеска во салата на општина Новаци.На настанот присуствуваше градоначалникот Лазар Котевски и кандидатот за пратеник во изборната единица број. 4 Мирјана Кузмановска, кои пред присутните ја посочија важноста од чувањето и негувањето на македонскиот јазик кој е суштински за нашиот идентитет …

Continue reading »

Apr 10

Во тек е акција за чистење на коритото на река Црна

Општина Новаци започна акција за чистење на обраснатото корито на река Црна.Во моментот се чисти делницата од мостот спротиводно кон манастирот Рожденство на Пресвета Богородица во Новаци.

Apr 09

Свечено отворен Младинскиот работен центар во општина Новаци

Во присуство на градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски,активисти на НВО секторот од оваа општина Културно иновативниот клуб,Културно уметничкото друштво и „Младинска граѓанска акција, локално население и претставници од Америчкиот Мировен корпус свечено беше пуштен во употреба  Младинскиот работен центар.

Apr 09

Традиционална трпеза на УЖ на Новаци и Могила за децата од Центарот за оштетен слух,говор и глас „Кочо Рацин “ од Битола

Домашна погача, питулици, тулумби,раванија,гравче тавче и што уште не можеше да се најде на традиционалната трпеза со македонски јадења подготвена од вредните раце на жените од Униите на жени на општините Новаци и Могила.Настанот имаше хуманитарен карактер со цел дружење заедно со дечињата штитеници на Центарот за оштетен слух,говор и глас „Кочо Рацин “ од …

Continue reading »

Apr 03

Се асфалтира Новаци – Руднички круг ПК Брод-Гнеотино

Започнаа подготвителните работи и градежните активнсоти околу изградбата на патот кој води од од Новаци до Грод Гнеотино.

css.php