«

»

Mar 28

Одбележан Денот на општина Новаци

DSC_4540

Празнувањата за одбележување 18 години постоење на општина Новаци започнаа со свечена приредба  со која беше одбележан патрониот празник на ЦОУ „Славко Лумбарковски“ од Новаци. Во весела атмосфера учениците имаа подготвено навистина многубројни интересни точки  а патронатот го збогатија и настапите на двете културно уметничките друштва „Новаци“ од Новаци и „Илинден“ од општина Демир Хисар.

IMG_5896

„Денеска го одбележуваме денот на општина Новаци и 18 години постоење.Чествувањата започнаа од вчера со прослава на патрониот празник на ЦОУ „Славко Лумбарковски“ од Новаци а продолжуваат и денес со отворен ден и спортски активности во училиштето, потоа следува полагање цвеќе на гробот на бранителот Пеце Матичевски кој е родум од Новаци а загина во конфликтот во 2001 година.Во 13 часот имаме закажано свечена седница на советот на општина Новаци и свечен коктел за сите наши гости. “ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

DSC_4739

DSC_4578

Делегација од општина Новаци положи свежо цвеќе и пред бистата на Славко Лумбарковски во дворот на училиштето кое го носи името на овој херој.

DSC_4777

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски за своите гости подготви свечен прием во новите и модерни простории на општината како и во општинската сала.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php