«

»

Mar 27

Ќе се санира свлечиштето на локалниот пат Долно Орехово

DSC_2423

Општина Новаци започна активности за санација на појавеното свлечиште на локалниот патен правец кој води до селото Долно Орехово.

„Како што се подобруваат временските прилики се зголемува и бројот на градежни активности на општина Новаци низ населените места. По барање на жителите на село Долно Орехово излеговме на терен и воочивме дека навистина има потреба од санација на свлечиштето кое се појавило на овој локален патен правец. “ рече градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Изведувач е Стентон градба, а средствата во висина од 309 632,00 денари се издвоени од буџетот на општина Новаци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php