«

»

Mar 24

Панихида за револуционерот Ѓорѓи Сугарев

2

По повод 108 години од загинувањето на легендарниот бескомпромисен револуционер на македонската кауза Ѓорѓи Сугарев , на неговото вечно почивалиште во Паралово се одржа панихида во организација на општина Новаци.

„Денес чествуваме 108 години од загинувањето на нашиот македонски херој,патриот и борец за правата на македонскот народ, Ѓорѓи Сугарев.Тој год аде животот со својата дружина тука наа ова место т.н Чукарите заедно со уште 24 борци борејќи се против турскиот аскер кои сакаа да го поробат македонскиот народ. Ова вакво чествување од в година ќе ни прерасне во традиција и општината ќе организира активности за славење на делото на овој голем јунак со кој македонскиот народ се гордее.“ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

13

Ѓорѓи Сугарев е роден во Битола во 1879 година и израснал во сиромашно семејство. Тој во превечерието на Илинден учествувал како делегат на Смилевскиот конгрес во 1903 година, на кој било донесено решение за кревање на вооружено востание во Македонија. Сугарев бил назначен за горски началник во Битолско, а со почетокот на Востанието на 2 август 1903 година учествувал во заземањето на селата околу Битола.

Сугарев наводно е е фатен во стапица, како жртва на најголемото предавство извршено во битолско од страна на битолскиот предавник Петре Лигушо, тогашен секретар на Битолскиот окружен комитет, а за неговата смрт постојат неколку верзии.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php