«

»

Mar 21

Општина Новаци дел од акцијата „Македонија земја на розите“

DSC_4057

Почетокот на едно од најубавите годишни времиња  пролетта, одбележан и во општина Новаци со националната еколошка акција за засадување на рози, под мотото „Македонија земја на цвеќето“.

„На територијата на општина Новаци се засадија 100-тина рози, распоредени на повеќе јавни зелени површини, во дворот на општината, во ОУ„Славко Лумбарковски“ во Новаци, во дворот на игротеката и амбулантата, во училиштето во Рапеш, кај тениското игралиште во Добромири и сл.“ рече градоначалникот на општина Новаци,Лазар Котевски.

DSC_4105

Кампањата е иницирана од Министерството за животна средина и просторно планирање на РМ по повод  Денот на пролетта – 21 март.Слични активности се спроведоа и во 50-тина општини на целата територија на Република Македонија.

DSC_4110

Целта на кампањата е масовно засадување рози затоа што ова растение има исклучителна способност да ги задржи и акумулира штетните  елементи, особено тешките метали од водата, воздухот и почвата и е повеќегодишно цветно растение лесно за одгледување на различни простори. Може да живее од 20 до 30 години, цвета уште во првата година од своето садење и е расцветана 200 дена во годината.

DSC_4141

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php