«

»

Mar 20

Награда од Би-Милк за дечињата од „Бамби“

DSC_4020

Дечињата од Центарот за ран детски развој „ Бамби“ добија пакет производи од ИМБ „Млекара“ Битола како награда за најубави изработки со кои учествуваат во хуманитарната акција „Прегратка на дар“ која ја спроведуваше Форумот Рингејаја.Кон честитките за наградата се приклучи градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски.

„Ова за дечињата навистина многу значи бидејќи претставува еден вид награда за нивниот вложен труд. Исто така е значајно што зедоа учество во ваква една хумана акција затоа што кај нив уште од рани  нозе се буди хуманоста и желбата да помагаат“  рече Лазар Котевски.

Децата од „Бамби“ заедно со нивните мајки и баби на посебно организирана работилница изработуваа перничиња и разни други ракотворби со цел да се вклучат во хуманитарната акција и да соберат предмети кои им беа подарени на болните дечиња за време на новогодишните и божиќните празници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php