«

»

Mar 19

Ќе се реновира салата во општина Новаци

IMG_20140207_095229

Општина Новаци го започнува реновирањето на општинската сала која се користи многукратно во текот на годината за разни манифестации, културни настани, претстави и други збиднувања.

„Салата во општината е простор кој многу се користи особено за разни културни манифестации,претстави,други собири за потребите на општината, ја користат од КУД Новаци и Културно иновативниот клуб, па заради тоа неопходно беше нејзиното реновирање.Веќе се набавени нови столчиња во вредност од 206 028 денари а заврши и тендерската процедура за избор на изведувач на градежните работи за реновирањето на салата што општинскиот буџет ќе го чинат  околу 500 000 денари. “рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

Реновирањето на салата ќе опфати демонтажа на пластична ламперија и нејзина замена со нова, замена на старата и дотраена дрвена дограма со нова ПВЦ, оспособување на соблекувална во задниот дел од салата, поставување на нова електрична инсталација,вентилационен систем, осветлување и озвучување, промена на стариот под со нов од линолеум, набавка на театрална завеса со механизам и сл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php