«

»

Mar 17

Канделабри и хортикултурно уредување на дворот на општина Новаци

IMG_5489

Дворот и партерното уредување на општина Новаци полека но сигурно го добива својот планиран лик.Деновиве беа поставени нови канделабри а се засадија и нови садници.

„Направено е комплетно ново осветлување на дворот на општината,односно поставени се 11 нови двострани канделабри во вредност од 470 000 денари.Потоа следуваше и целосно хортикултурно уредување на дворот,поставен е систем капка по капка за наводнување и преостанува уште поставување на нова метална ограда “ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Проектот за партерно уредување на дворот на општина Новаци опфаќа и замена на старата со нова кована метална ограда поставена на бетонско ѕидче.за таа намена ќе се издвојат 700 000 денари од буџетот на општината а изведувач е Пелагонија Градба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php