«

»

Mar 11

Се одржа 17-тата седница на Советот на општина Новаци

IMG_0099

Советниците на Советот на општина Новаци денеска ја одржаа 17 тата седница од нивното конституирање а прва во месец март на која расправаа за 7 точки на дневен ред.

Најпрво ги усвоија записниците од 13-тата,14-тата,15-тата и 16-тата седница на Советот а потоа ја разгледаа, дискутираа и ја усвоија Завршната сметка на Буџетот на општина Новаци за 2013 година. Исто така беше усвоен финансискиот извештај за финансиското и материјалното работење на ЦОУ „Славко Лумбарковски“  за 2013 година при што беше посочена дека училиштето одлично работи, нема никакви долгови и навремено ги извршува сите потребни активности кои произлегуваат од редовното работење и функционирање.

Советниците на Советот на општина Новаци го усвоија годишниот извештај на општина Новаци за 2013 година,завршната сметка и финасискиот извештај за 2013 година на ЈКП „Комунална хигиена“ Новаци.

На седницата беше донесена одлука за утврдување и обележување места за истакнување на изборни плакати и декларација за чесни,фер и демократски Парламентарни избори 2014 година.

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски го претстави Отчетот за сработеното во изминатите 365 дена од неговиот нов трет мандат на чело на оваа општина, кој беше прифатен од страна на советниците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php