«

»

Mar 11

Претседателот Иванов во посета на Новаци и Добромири

IMG_5076
Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов оствари средба со месното население на Новаци и Добромири.На средбата во Новаци беше топло дочекан од градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски и бројните љубопитни жители кои сакаа да се поздрават и сликаат со првиот човек на државаа.
Претседателот Иванов беше запознаен со проектите на локалната самоуправа и процесите за урбанизирање на ова населено место. Во разговорите беше посочено дека во општината изминатите две години се направени 6 локални патни правци и дека постојано се работи на унапредување на инфраструктурата.

Жителите на Новаци во разговорот со претседателот Иванов изразија задоволство од реконструкцијата на основното училиште и планот за изградба на спортска сала и повеќенаменско игралиште. На средбата со македонскиот претседател, жителите на Новаци се согласија дека започнатиот проект во општината за експанзија на мали бизниси придонесе за економски развој на ова населено место. Воедно беше поздравено реализирањето на проектот за обезбедување парно греење ТЕЛЕТЕРМ од ИПА Програмата за прекугранична соработка, во вредност од 160 илјади денари кој ќе обезбеди развој на оранжериското производство во Пелагонија.

Дополнителен развој на општината, жителите очекуваат со најавената реконструкцијата на делница Новаци – Добромирци – Добрушево.

IMG_5283

Во рамки на посетата на општина Новаци, македонскиот претседател го посети и селото Добромири.
Локалното насление истакна дека за нив е голема чест посетата од страна на Претседателот и изразија поддршка на неговите политики. Притоа, потенцираа дека Иванов е прв македонски претседател, кој по поранешниот претседател Борис Трајковски, го посетил нивното село. 

Жителите на Добромири, истакнаа дека досега спроведените проекти од страна на општината во голема мера придонеле за унапредување на животот во нивното село. Во разговорот со претседателот Иванов посочија дека неодамна во селото е изградено и модерно тениско игралиште, со што на младите им се овозможува правилен развој преку спорт и рекреација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php