«

»

Mar 10

Договорена соработка со Гарнизонот на АРМ од Прилеп и општина Новаци

IMG_4987

 

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски се сретна со приданиците на Гарнизонот на АРМ од Прилеп.На средбата се разговараше за можните начини за продлабочување на веќе одличната соработка.

„Станува збор за редовна посета а општините од страна на припадниците на прилепскиот гарнизон на АРМ.На денешната средба разговаравме за можните начини за продлабочување на веќе воспоставената соработка, за организирање на спортски настани во основното училиште, секции за стрелаштво,едукативни работилници и други активности каде можеме заедно да дејствуваме.“ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

Општина Новаци веќе имаше соработка со прирпадниците од Гарнизонот на АРМ во Прилеп при поставувањето на јарболот со знамето на гробот на загинатиот припадник на резервниот состав во конфликтот во 2001 година Пеце Матичевски родум од Новаци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php