«

»

Mar 07

Втор македонско-грчки координативен состанок во рамките на проектот „ Жива историја-жива природа“ од ИПА Програмата

DSC_2601

Се одржа вториот  координативен состанок во рамките на имплементацијата на проектот „ Жива историја-жива природа“ од ИПА Програмата за прекугранична соработка Македонија Грција 2007-2013 во општина Новаци.На состанокот присуствуваа градоначалниците на општините Новаци и Алмопиа, Лазар Котевски и Димитрис Пасос, проектните тимови на двете страни и претставници од невладината ЦГИ.

„Целта на денешниот проектен состанок е да се изврши мониторинг на досегашната имплементација на проектот Жива историја-жива природа за периодот ноември 2013 –март 2014 година но и да се воспостави соодветна комуникација за текот на активностите кои ќе следат во наредниот период.Двете општини имаме аплицирано за продолжување на овој проект во третиот повик од ИПА програмата за прекугранична соработка со кој повторно се предвидени некои реконструктивни зафати како на пример ќе се продолжи со реставрација на црката Св.Димитрија во с.Градешница, ќе се направи комплетно партерно уредување на излетничкото место на река Коњарка и ќе се направи деминирање на делот каде врват сите овие патеки кои ќе се обележат со проектот.“ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

„ Основна цел на овој проект е соработка помеѓу двете општини во насока на промоција на културното и природното наследство преку презентација на местата од голем интерес за двете општини со цел економски развој и развој на туризмот во двата региони.“ рече Димитрис Пасоис, градоначалник на општина Алмопиа.

Општина Новаци е водечки партнер во проектот „Жива Историја -Жива Природа“ со кој ќе се заштити културното и историското наследство.Со неговата имплементација веќе е започната реставрацијата на куќата на Калеш Анѓа во с.Старавина,мостот и воденицата во с.Зовиќ и црквата Св.Димитрија во с.Градешница .До крајот на проектот ќе се обележат природна,историска и комбинирана патека а ќе се уредат и неколку излетнички места по должината на овие патеки.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php