«

»

Mar 03

Градоначалникот на општина Новаци,Лазар Котевски прогласен за најуспешен политичар за 2013 година

 

DSC_2261

Градоначалникот на општина Новаци,Лазар Котевски на престижната манифестација Најуспешни битолчани која се одржа по 15 ти пат беше прогласен за најуспешен политичар за 2013 година.

 

„Секоја награда навистина мие драга а секако и оваа, особено затоа што се однесува на политиката која што е моментално моја професија како градоначалник на општина Новаци.Ова признание претставува поттик за мене и поматаму напорно да работам секако во интерес на жителите на мојата општина која ми ја дадоа нивната доверба во огромен број на минатогодишните локални избори. “ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

2

 

На свеченоста која се одржа во Вавилон присуствуваа над 850 гости, а манифестацијата традиционално ја организира Битолски весник.

 

На манифестацијата беа доделени над 35 признанија во разни области. Признанието во чест на починатиот автор на песната “Битола мој роден крај” Ајри Демировски, Битолски весник му го додели на групата “Љубојна”. Наградата за новинарство за дописничката на Дневник од Битола Жанета Здравсковска. Оваа година за прв пат е доделена награда за камерман. Ја доби Димитар Колонџовски од Тера Телевизија.Наградата за животно дело ја доби познатиот битолски хирург Константин Нича. За годинашната манифестација “Најуспешни битолчани” конкурираа над 150 кандидати.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php