«

»

Feb 26

Информативна средба со земјоделците од Новаци и Добромири

IMG_4861

Градоначалникот на општина Новаци,Лазар Котевски и директорката на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион,Емилија Ѓеровска одржаа информативен караван и средба со земјоделците од Новаци и Добромири во рамките на проектот за Експанзија на мали бизниси, на кој се промовираше иницијативата за поставување на систем „капка по капка“ на пченка во руралните средини во Пелагонискиот регион.

„Оваа активнсот е дел од Проектот за Експанзија на мали бизниси на УСАИД во кој општина Новаци е вклучена како пилот општина.Истиот се спроведува во соработка  со АПРЗ, ФФРМ и ЦРППР.Нашата општина е вклучена со двајца производители на индустриски домат и четворица производители на пченка. “ рече градоначалникот Котевски.

Целта на настанот е информацијата да стигне до што е поголем број на земјоделци.

„ Преку караванот на пченка сакаме да ги информираме земјоделците за резултатите од минатата година,за придобивките од поставувањето на таков систем и различни можности за финансисрање преку кои земјоделците ќе моќат да ја набават опремата“ рече Ѓеровска.

Информативниот караван започна на 17 февруари и завршува на 26 овој месец со средби со земјоделците во Бач,Лажец и Кравари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php