«

»

Feb 18

Општина Новаци доби награда за најголема искористеност на европските фондови во Пелагонија

2

Од рурална , Општина Новаци ќе прерасне во урбана општина. Тоа што беше изборно ветување , само визија, се повеќе станува согледана цел со материјални докази. Градоначалникот Лазар Котевски со својот тим навреме ја согледаа материјалната, не само апстрактната вредност на културата и историјата што ја поседува општината распарчена од иселувањето , па тргна во потрага по партнери со кои ќе гради интеркултурни релации и заеднички ќе ги развиваат своите општини е само мал дел од она што е кажано во видеоклипчето подготвено при врачувањето на наградата за најголема искористеност на европските фондови во Пелагонија на градоначалникот на општина Новаци лазар Котевски.

„Наградата многу ми значи затоа што јас како прв човек на општина Новаци заедно со мојата администрација работевме многу и напорно за да го исполниме постигнатото.Но ова признание не значи дека тука ќе застанеме, туку напротив дека ќе работиме уште повеќе се во интерес на жителите на општина Новаци. Тому затоа аплициравме со 4 проекти за третиот повик од ИПА програмата и мислам дека повторно ќе бидеме успешни. “ рече Котевски.

Општина Новаци изминатите  години може да се пофали со богата меѓународна соработка. Програмата „ Европа за граѓаните“ ги доведе до збратимување со општините:Фармош, Хрпеље-Козина и Дуги-Рат, поголемиот дел од општините во грчкиот пограничен регион, општините Борован и Пусец во Бугарија и Албанија. Проектот „Жива историја жива природа“ што се реализира сега , ги води општината Новаци и грчката Алмопија кон вистинските постулати на Европа 2020 – инфраструктурна основа, знаење и иновација, услови за вработувања, социјална кохезија, интеркултурна соработка, развој. Со овој проект на македонската страна ќе се реконструира мостот во селото Зовиќ, црквата Св. Димитрија и, веројатно најпопуларниот дел од овој проект – реконструкцијата на куќата на Калеш Анга.

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски ја доби наградата за најголема искористеност на евроските фондови во Пелагонија на манифестацијата „Избор на најпопуларни“ во организација на ТВ Орбис.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php