«

»

Feb 17

Се одржа 15-тата седница на Советот на општина Новаци

IMG_5142

Советниците на 15 тата редовна седница на Советот на општина Новаци разгледуваа и едногласно ги усвоија скоро сите дваесеттина барања и одлуки кои се најдоа на дневен ред.

Имено беше усвоен записникот од претходната седница, одлуката за утврдување и обележување места за истакнување на изборни плакати за Претседателските избори 2014 година, беше донесена декларација за чесни,слободни и демократски избори, беше усвоен извештајот за редовен годишен попис во општина Новаци, беше усвоена одлуката за набавка на машина за косење трева за потребите за одржување јавна чистота.

Советниците донесоа одлука за одбележување на празникот на општината 30 март,беше усвоен полугодишниот извештај за работата на ЦОУ „Славко Лумбарквоски“ Новаци, беа усвоени нколку предлог одкули за вклопување на бесправно изградени објекти во идна урбанистичка планска документација,беше усвоено барањето за замена на старата дограма во училиштето од родителите од Горно Агларци.

Следната седница на Советот на општина Новаци ќе се одржи во месец март.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php