«

»

Feb 14

Зарежано лозјето и одбележан Св.Трифун во домот на градоначалникот Котевски

IMG_4565

Жените од општините Новаци и Битола заеднички го одбележаа празникот Св.Трифун и го зарежаа лозјето во домот на градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски.

„Како и секоја година така и оваа традиционално го одбележавме денот на лозјето посветен на маченикот Св.Трифун.Посебно мие драго што денеска заедно со жените од Битола и Новаци ќе го зарежиме лозјето во мојот двор, ќе го направиме адетот и заеднички ќе се подружиме. “ рече градоначалникот на општина Новаци,Лазар Котевски.

„Годинава решивме зарежувањето на лозјето да биде во домот на градоначалникот Котевски.На овој настан имаме гости од општина Битола.Адетот го направивме во една прекрасна атмосфера и заедничко дружење. “ рече Мирјана Кузмановска,Унија на жени,општина Новаци.

IMG_4546

„Ние досега имаме соработка со Унија на жени од општина Новаци но еве во оваа нова 2014 година поблиската соработка ја продолжуваме.Еве денес заеднички го одбележуваме традиционалниот празник Св.Трифун.Среќни сме што наидовме на широко отворена врата за соработка.“ рече Анита Анѓелевска,Унија на жени,општина Битола.

Секоја година на 14 февруари православните христијани го прославуваат свети Трифун. Се верува дека свети Трифун е чувар на лозјата и гостилниците, но и на брачната љубов и верност. На 14 февруари винарите првпат одат на лозјата во новата календарска година и почнуваат да ги сечат лозите, а се верува дека свети Трифун на својот празник забодува факел во земјата и така снегот почнува да се топи. Многумина веруваат дека токму на овој ден започнува пролетта, се будат природата и љубовта меѓу луѓето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php