«

»

Feb 14

Започна да функционира мобилната детска градинка во с.Гермијан, општина Новаци

7

Започна да функционира пограничната детска градинка која редовно ќе ги едуцира дечињата од новачкото погранично село Гермијан.Станува збор за проект од ИПА Програмата за прекугранична соработка Македонија-Грција 2007-2013 а носители се Високата медицинска школа од Битола и невладината организација „Лајфстарт“.

 

„Овој едукативен проект опфаќа 150 деца од 10 погранични села  а се реализира преку мобилна детска градинка со специјализирани едукатори.Се финансира сос редства од европските фондови.Работиме едукативна програма по стандардите за детски развој што е изготвена од Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје, заедно со МТСП на РМ “ рече Јасна Николовска-едукатор.

 

Дечињата изработуваа подароци по повод денот на вљубените Свети Валентин.

 

„Љубов е кога некој се сака. Љубов е кога цртам трактор“- вакви пораки напишаа децата од битолското село Гермијан, за празникот Свети Валентајн, во мобилната детска градинка.

12

 

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски ја изрази својата воодушевеност од проектот.

 

„Сакаме нашите деца да бидат социјализирани како и градските.Затоа е ова подвижна детска градинка “ рече Котевски.

 

Патувачкиот караван на мобилната детска градинка која е опремена со најразлични реквизити за поттикнување на раниот детски развој опфаќа деца на возраст од три до шест години.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php