«

»

Feb 12

Формирана првата локална акциона група ПеЛАГонија со седиште во општина Новаци

1

Деновиве ќе се регистрира првата пелагониска локална акциона група „ПеЛАГонија“ со седиште во општина Новаци.На основачкото собрание беа избрани членовите на здружението, управниот и надзориот одбор.За претседател на ЛАГ-от беше избрана Светлана Петковска од Организација на жени Битола.

„Овој ЛАГ ќе се регистрира во Централен регистар на РМ како здружение во кое ќе членуваат јавен, приватен и граѓански сектор. По завршувањето на овој процес, за прв пат во Пелагонискиот регион и во Македонија ќе има регистрирани ЛАГ-ови според принципите и карактеристиките на ЕУ ЛЕАДЕР  пристапот со што ќе можат да се користат финансиски средства од ЕУ и ИПАРД фондовите, од национални програми за рурален развој, Амбасади и други донаторски програми.“ вели Владимир Величковски од ЦРППР.

ЦРППР во периодот октомври 2012 година до јуни 2013 година организираше серија обуки со цел подобро информирање за доброто владеење и мобилизирање, за референтните национални документи и документите на ЕК што се однесуваат на оваа проблематика како и подобро запознавање со постапката за формирање ЛАГ-ови.

„Претходно беше донесена одлука од Советот на општина Новаци за учество во ЛАГ-от односно за пристапување како соосновач на Здружение “Локална Акциона Група ПеЛАГонија” со седиште во Новаци.Целта на нашето учество е да се нарпави идентификација на проектни идеи кои ќе имаато регионално значење за сите инволвирани страни и да се реализираат конкретни проекти.“ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

Локална Акциона Група ПеЛАГонија ги има следните цели:да се промовира руралниот развој преку локалните иницијативи и партнерства;Да се подобрат животните и работните услови на територијата на која делува ЛАГ-от;Да се придонесе во зачувување на постојните и создавање на нови работни места; Да се придонесе во создавање на нови можности за оддржлив развој; Да придонесе за развој на територијата на која делува ЛАГ-от,да се развие меѓусебната соработка и вмрежување помеѓу заинтересираните страни на кои им е во интерес развој на руралните средини како и да се искористи и развива постоечкиот ендоген потенцијал за рурален развој со примена на иновативни пристапи.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php