«

»

Feb 12

Трета едукативна работилница „Влијанието на алкохолот и пушењето врз психофизичкото здравје“

7

Со работилница на тема „Влијанието на алкохолот и пушењето врз психофизичкото здравје“ продолжува реализацијата на проектот на Културно иновативниот клуб Новаци за Фитнес и едукација за подобра здравствена програма.

„Ова е трета работилница во рамките на овој проект и многу ме радува што целиот овој проект наиде на многу дбора прифатеност од страна на месното население како за фитнес вежбите кој се организира два пати неделно така и за овие здравствено-едукативни работилници. На работилницата свое излагање имаа д-р Даниела Трајковска специјалист по психијатрија при Клиничка болница Битола. “ рече Елизабета Јонќик – КИК Новаци.

Целта на овој проект е на жените од руралните средини да им се подобри квалитетот на живот.

КИК Новаци ја започна реализацијата на проектот „ Фитнес и едукација за подобра здравствена програма“.Реализацијата на овој проектот е во соработка со „Пријатели на Македонија„(Frends of Macedonia) и поддршка од Општина Новаци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php